Во третата недела по Педесетница Црквата ни го нуди Евангелието од Матеј 6,23-33
Исус Христос, повикувајќи ги апостоли да го продолжат неговото дело на спасение на земјата, нѐ повикуваат сите нас да сведочиме за верата и љубовта во Него, за неговото присуство во светот и да го избереме за нашо вoдач во небото. Ова е значењето на Христовите зборови: „Врви по мене“, со кои Тој им се обрати на неговите апостоли на брегот на езерото, а денес се обраќа и на секој од нас. Исус Христос, повикувајќи ги апостолите да го следат, го повикува секој од нас да го следиме, го повикува секој од нас да го избереме Него како основа на нашиот живот и среќа.
Евангелието во оваа недела се состои од три главни теми. Исус зборува за духовната светлина, за верноста кон Бога и за посебната грижа на Бога за животот на секој човек. Сепак, сите три различни теми имаат едно заедничко – да се има доверба во Бога.
Според зборовите на Евангелието оваа недела, Христос го повикува секој од нас, во нашата потрага по среќа и пат до небото, да му веруваме, да го избереме Него за наш сигурен водич до вечниот живот.
Во духовниот живот не е доволно да се обратите кон Бога во молитва за помош, за поддршка, за да ја зацврстите само сопствената човечка сила. Вистински христијанин не треба да става никаква надеж во животот врз сопствената сила, туку да ја потпира сета надеж и доверба во Бога, сѐ да создава и со сѐ да живее со Бога – и радост и тага, како што пишува апостол Павле во своето послание до Римјаните:„Радувајте се со радосните, и плачете со расплаканите! (Римјаните 12,15).
Денес има многу луѓе во се крстени, религиозни, верници, но не сите се верници и побожни христијани, кои му веруваат на Бога. Не се молат на Бога, или ретко се молат. И дури и ако се молат, се сомневаат во силата на молитвата, не ја разбираат молитвата, посебно пак ако Бог не ги задоволи нивните потреби, односно не знаат како целосно да ја прифатат Божјата волја.
Довербата е важен плод на верата. Успехот на молитвите на една личност зависи од степенот на доверба на човекот во Бога, односно од неговата потполна согласност со Божјата волја. Да му веруваме на Бога значи да бидеме подготвени да ја прифатиме Божјата волја, односно Божјиот начин на решавање на нашите работи, за кој се молиме. Која е разликата помеѓу верата и довербата во Бога?
Двајца блиски пријатели честопати сакале да патуваат заедно со велосипеди. Еден ден заминале со велосипедите низ планински пат. Но, во еден момент морале да ја поминат клисурата меѓу планините. Првиот, како искусен велосипедист и патник, му рекол на другуот дека може да го реши овој проблем. Фрлил јаже од едната на другата планина и го прашал својот пријател: „Дали веруваш дека ќе поминам на другата страна на планината возејќи по ова јаже?“ „Да, верувам“, одговорил другиот другар. Ако веруваш, тогаш качи се со мене на велосипедот и ќе преминеме на другата страна од клисурата.
Слично е и во нашите животи. Многу луѓе веруваат во Бог каков што е, му се молат но не секогаш имаат доверба во него затоа што не сакаат да се согласат со неговата волја. Да верувате значи да го следите безусловно примерот на Другата Личност, внимателно да го слушате неговиот совет, знаејќи дека тој ни посакува само добро, сигурно и безбедно да нѐ води до целта.
Да не се грижиш за храната, како што вели Христос, не значи да не работиш, туку да соработуваш со Бога, со Неговата благодат и да го ставаш доброто на душата пред доброто на телото. Довербата во Бога нека биде сигурен и безбеден водич за нас на патот кон вечниот живот.
о. М.Ч. Редемпшторист