Јапонските епископи и оваа година ја поттикнаа иницијативата „Ten Days for Peace”, во спомен на жртвите од атомскиот напад на Хирошима и Нагасаки, потсетувајќи дека треба да се забрани употребата на нуклеарното оружје.
“Ten Days for Peace”, е иницијатива која Католичката црква во Јапонија ја организира повеќе од 30 години во спомен на жртвите од атомските напади врз Хирошима и Нагасаки, извршени на 6 и 9 август 1945 година. Иницијативата настана по апелот за помирување на светиот папа Иван Павле II., кој го упати токму во Хирошима на 25 февруари 1981 година.
Нуклеарното оружје го загрозува мирот
Големите регионални судири, заканите со нуклеарно оружје, проблемите со бегалците, различни облици на дискриминација, економска нееднаквост, сето тоа и понатаму е закана за мирот на луѓето во целиот свет – се истакнува во пораката на надбискупот од Нагасаки Јозеф Митсуаки Таками, претседател на Јапонската бискупска конференција.
Надбискупот во пораката повторно бара забрана на нуклеарното оружје и потсетува дека Обединетите нации го усвоија Договорот за забрана на нуклеарното оружје, кој го ратификуваа само некои држави. Заканувањето е обид за одржувањето на мирот по пат на оружје, но со тоа се зголемуваат факторите за судири, како што е непријателството, взаемна недоверба и судир на интереси – истакна надбискупот. Постепено се нарушуваат основите за помирување, мирот и взаемното разбирање – истакнува надбискупот Таками.
„Ten Days for Peace” со цел младите да се запознаат со ужасите на војните
Отец Андреја Лембо, раководител на Папскиот институт за надворешни миси во Јапонија за Радио Ватикан истакна за големата потреба од иницијативата „Десет дена за мир“, за да можат младите генерации да се запознаат со она што се случило за време а Втората светска војна, но е важна и за формацијата. Важно е младите да сфатат какви се последиците од судирите, напоменувајќи дека и денес уште се умира од последиците на атомските бомби. Сѐ уште не е сигурен бројот на умрените, а тоа е многу вознемирувачко – рече отец Лембо.
Ватикан њуз/к.мк