Дали треба да молам секој ден?

Дали треба да молам секој ден?

Надоврзувајќи се на ова прашање треба да се постават уште неколку: „Дали секој ден треба да јадам?“ „Дали секој ден треба да спијам? „Дали секој ден треба да ги мијам забите? Можеби еден ден, можеби и уште неколку дена би можеле дасе откажеме од овие работи, но човек тешко ќе го поднесе сето тоа, а може и многу да наштети. Без молитва, човекот може да биде концентриран само на себе, себичен и депресивен. Ова се само неколку од последиците. Можеби затоа Христос им заповеда на своите ученици секогаш да се молат.

Исто така Христос им рече на своите ученици дека кога некој се моли, треба да влезе во својата внатрешна соба и да се моли сам. Сепак, Христос исто така вели дека кога се собрани двајца или тројца во Негово име, Тој е присутен, тој е со нив. Христос сака и лична и заедничка молитва. Молитвата, лична или заедничка, може да има различни форми: благослов и поклонение, молба, застапништво, пофалба и благодарност. Во сите овие форми, молитвата е разговор со Бога. Понекогаш е дијалог, но многу пати е слушање. За жал, многу луѓе мислат дека молитвата е за да му се каже на Бога што сакаат или што им треба. Таквите луѓе се разочаруваат кога нема да го добијат она што го сакаат. Затоа е важно молитвата да се доживее како разговор во која исто така му се дозволува на Бог да ни каже што тој посакува од нас.

Дали некогаш би си го поставиле прашањето: „Дали треба да разговарам со мојот најблизок пријател секој ден?“ Се разбира дека такво прашање не ни  паѓа на памет да поставиме! И тоа од едноставна причина затоа што се стремиме разговараме со својот пријател за да го зајакнеме тоа пријателство. Значи, Бог сака неговите ученици да му се приближат. Тоа се прави преку молитва. Ако некој практикува секојдневна молитва, се приближува кон Бога, се приближува кон светците на небото, станува помалку егоцентричен и, според тоа, повеќе се фокусира на Бога.

Затоа, започнете да се молите на Бога! Обидете се да не е премногу во еден ден. Молитвата, како и физичките вежби, треба да се изградат. Оној што не е во форма не може да истрча маратон на првиот ден од вежбањето. Некои луѓе се обесхрабруваат кога не можат да бдеат цела ноќ пред Пресветата Олтарска Тајна.. Разговарајте со свештеникот и направете план. Ако можете да ја појдете во Црква, обидете се да застанете пет минути поклонувајќи му се на Бога. Набавете текст за утринската молитва и самиот почеток од денот посветете го на Христос.. Прочитајте дел од Библијата, особено од Евангелијата и Псалмите. Додека го читате пасусот, едноставно замолете го Бог да ви го отвори срцето кон она што Ви го зборува. Обидете се да се молите Света Бројаница. Ако тоа на почетокот ви изгледа многу, обидете се да молите само една десетка. Важно е да запомните да не се фрустрирате, туку да го слушате Господ како ви зборува. Додека зборувате, молете го Бога да им помогне на другите, посебно на болните и страдалниците, вклучувајќи ги и душите во чистилиштето.

 JL/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот