Ајде да постиме во петок

Ајде да постиме во петок

Христијаните се должни да постат во петок во текот на целата годината, и „да се посветат на посебен начин на молитвата, побожноста и правењето милосрдни дела или пак да се жртвуваат скратувајќи си нешто од себе си.“

Еве неколку предлози. (…)

Постете – Петоците се денови на покора и една од најавтентичните покорнички практики е постот.Обидете се (…)

Крстен пат – Оваа побожност не е наменета само за Великиот пост! Постојат десетици обрасци на Kрстен пат кои не мора да се моли во Црквата. Молењето на оваа побожност, Крстен пат во петок е благодарствена навика – тоа е прекрасна духовна вежба на која можеме да и се посветиме, посебно во тој ден.

Бројаницата на Божјото милосрдие – Иако многу верници секојдневно молат Бројаница, побожноста кон Божјото милосрдие може да стане дополнителна добра навика. Дури можете да се користите и со истата Бројаница.

Половина час читање на Светото Писмо – Понекогаш во голема мера се навикнуваме на библиските читања, па така стануваме рамнодушни на нив. После неколку редови читање од Библијата може да ни стане како „погодување на одредена песна“: Аха! Го знам тој дел: се работи за двајцата кои го спуштиле својот пријател преку кровот за да може Исус да го излекува“. После досетувањето на случката се исклучуваме. (…) За да ја откриете одблиску Библијата обидете се да пронајдете слични текстови од Стариот или Новиот Завет кои зборуваат за истиот или сличен настан.

Половина час читање на духовни текстови – Ние католиците сме благословени што имаме неверојатно голем број на книги со кои можеме да ја зацврстиме својата вера – овде не е возможно сите да ги наведиме. Ако сѐ уште не сте, задолжително прочитајте ја „Наследувај го Христос“ од Тома Кемпенски.

Половина час молитва во тишина – Ова не е лесна задача. Како прво, мораме да пронајдеме место во кое ќе имаме мир триесеттина минути. Но тој предизвик навистина се исплаќа. Исклучете го телефонот и кажете му на семејството следниот половина час да не ве вознемирува (освен во случај да избие војна или пожар), затоа што тоа е време за медитација.

Откажете се од нешто што е дозволено – Повторно предупредувам, ова звучи поедноставно отколку што всушност е. Мојот пријател ѓакон еднаш рече дека за време на Великиот пост сите треба да се откажеме од нешто што ни е дозволено, а без што не можеме да си го замислиме животот. Ова неговиот пример: „Мојот колега не можеше да функционира додека не го испие своето кафе! Кога му предложив за време на Великиот пост да се откаже од тоа, тој кон мене се постави како да му реков да отиде во пустина на 40 дневна диета на скакулци и мед“. Кофеинот (и целиот тој шеќер), општо гледано, не е добар за никого, така било да се работи за кафе, чај, газирани пијалоци, откажете се од тие работи во петок.

Литанија –  Постојат многу прекрасни Литанија кои можеме да ги рецитираме медитирајќи за нив. Постојат многу Литанија кои можете да ги пронајдете во црковните книги или на интернет, како: Литанија на Пресветото Име Исусово, Литании на Свети Јосиф, Литанија на сите светии. (…)

Започнете Деветница –  Еве една молитва која ќе ве држи повеќе петоци. Започнете ја Деветницата во петок, и настојувајте да ја молите девет полни денови. Мислете дека неможете да издржете девет дена? Пробајте да ја скратите на девет часа во еден петок.

Пратете молитвена порака – Кој од нас нема пријатели или членови на семејството кои стрдаат од хронични болести? Пораката со желба за побрзо оздравување може да го разубави денот на некој кој што боледува. За дополнително да ја расположите таа личност, напишете ѝ порака со рака. Која е најтешката пречка за овој чин на милосрдие? Да се купи поштенска марка.

Телесни и духовни дела на милосрдието – Иако неодамна ја затворивме Годината на милосрдието, повикани сме на делата на милосрдието да ги правиме и понатаму.

Битно.нет/к.мк

 

Категорија: Вера, Духовност

За авторот