Гостивар: Сестрите на Мајка Тереза одржаа Летен камп

Гостивар: Сестрите на Мајка Тереза одржаа Летен камп

Летниот камп започна на 25 јуни 2018 година, а на него присуствуваа околу 30 деца, кои доаѓаат од семејства каде жените се Албанки омажени со Македонци.

Програмата на кампот секогаш започнуваше со молитва на македонски јазик, а го завршуваа со молитви на албански јазик. Во рамки на програмата секојдневно имаше кратки драми, веронуака, игри и креативни работилници. Во меѓувреме сестрите на Мајка Тереза беа на располагање за разговор со мајките, за да ги сослушаат нивните потреби, кои беа од различна природа.

На последниот ден од кампот, 30 јуни учесниците на камот заминаа на еднодневен излет во Крушево, каде го посетија гробот на Тоше Проески, Музејот и манастирот Преображение. За дел од децата посетата на Крушево беше големо доживување, бидејки за прв пат го посетија тој град.

Пред почетокот на кампите сестрите посетија голем дел од семејствата, за да ги анимираат за учеството во кампот, како и да посведочат за важноста на верата во секојдневниот живот во семејствата.

Летниот камп за мото ги имаше зборовите на еден сиромашен човек, кој во една прилика ѝ ги кажа на света Мајка Тереза, кои гласат: Светлото кое го запали во мојот живот сеуште гори“.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот