На 2 март 2021 година виртуелно се одржа Европската годишна средба на директорите, претседателите и координаторите на Радио Марија во Европа. На средбата учество зеде и Радио Марија Македонија, преставувано од директорот о. Гоце Костов и координаторката м-р Данче Ичева.
Средба започна со молитва, потоа преку видео се обрати директорот на Светското семејство на Радио Марија патер Ливио Фанзага, претседателот на Светското семејство Виторио Викарди се осврна на предизвиците со кои се соочува Радио Марија во Европа и светот, со посебен акцент на кризата предизвикана од Ковид – 19. Во првиот дел од средбата беа презентирани Маријатон проектите за 2021 година и заврши со молитвата Ангел Господов.
Во вториот дел на Европска годишна средба на директорите, претседателите и координаторите на Радио Марија во Европа фокусот беше ставен на промоцијата во време на пандемија од Ковид-19, исто така стана збор и за програмските активности, имаше можност за прашања и дискусија, средбата заврши со света Бројаница.
к.мк