На покана на малата заедница во италијанската провинција Фриули-Венеција Џулија, чии заштитници се мачениците од Аквилеја, надбискупот Галагер одржа предавање со наслов „Аквилеја учителка на мирот – контрапункт на дипломатијата на Светиот Престол“ и ја предводеше светата Литургија во Аквилејската базилика.
Секретарот за односи со државите и меѓународните организации при Државниот секретаријат на Светиот Престол, монс. Пол Ричард Галагер на празникот свети Хермагорас и Фортунато, покровители на Горичката надбискупија, одржа leccio magistralis во Аквилеја за дипломатијата на Светиот Престол, во кое ги спомна и договорите со државите кои станаа независни по распаѓањето на СФРЈ.
На покана на малата заедница во италијанската провинција Фриули-Венеција Џулија, чии покровители се мачениците од Аквилеја, надбискупот Галагер одржа предавање со наслов „Аквилеја, учителка на мирот – контрапункт на дипломатијата на Светиот Престол и ја предводеше светата Литургија во Аквилејската базилика. Во предавањето, говорејќи за историјата на тој антички центар, рече дека претставува „зрел пример на универзално братство“ од кое „денешна Европа треба да продолжи да црпи инспирација за да сее мир со трпение и доверба“.
Денешните конфликти
Дипломатијата на Светиот Престол е силно посветена на ставање крај на актуелните конфликти: од Украина до Палестина, Израел, Азербејџан, Мјанмар, Етиопија, Судан, Јемен. Монс. Галагер објасни дека Светиот Престол „секогаш се вклучува себеси како субјект super partes“, т.е. непристрасно, се обидува да „обедини различни идеи, спротивставени политички ставови, религиозни погледи“ и „различни идеологии“, промовирајќи мир во „почитувањето на меѓународните прописи“ и фундаменталните човекови права и е „активен на хуманитарно ниво“. На пример, „да се олесни репатријацијата на украинските деца и размената на воени заробеници меѓу Русија и Украина, како и да се поттикне ослободувањето на израелските заложници во Појасот Газа“.
Градот е крстопат на луѓе и идеи
Од сегашноста до минатото, Галагер повторно ги поврза нишките на историјата, почнувајќи со основањето на Аквилеја во 181 п.н.е. Дури и тогаш, градот се истакнувал „како извонреден космополитска раскрсница на луѓе и идеи“ и овозможи „ширење на уметнички, културни и култни влијанија“, кои беа „преработени и приспособени“ на нивниот сопствен контекст, потсети тој.
Тој додаде дека дури и во христијанската ера, градот се истакнувал по својот „извонреден повик за хармонија меѓу народите“. Од Аквилеја, меѓу другото, христијанството се проширило „во соседните краишта, постепено доаѓајќи во контакт со различни народи и култури“, обединувајќи ги и донесувајќи плодови „во сите подрачја на мислењата, духовноста и уметноста“. Сето ова создаде „дух на прифаќање и соживот“, „уметност на дијалог и дискусија“ и „способност да се почитуваат стимулите кои доаѓаат однадвор“.
Поддржете ги барателите на мир
Во ова сценарио, „Дипломатијата на Папата, додека се претставува како реалност структурирана според одредбите на меѓународното право, делува како морална сила без геополитички амбиции, која се чува од промовирање партиски интереси“, објасни надбискупот Галагер.
Секако, таа не е рамнодушна „на очекувањата и конкретните потреби на луѓето, на очајничкиот крик на кревките и отфрлените“, туку станува нивен „глас и одек“. Затоа, интересот на Светиот Престол е да ги придружува оние кои копнеат за мир и бараат помирување.
Затоа, „посебните карактеристики на духот на Аквилеја“ се содржани „во ставот на папскиот дипломат да поттикнува дијалог со сите“, истакна секретарот за односи со државите и меѓународните организации, „вклучувајќи ги и оние соговорници кои се сметаат за непријатни или нелегитимни за преговарање“, или во неговата склоност да ги одврзува навидум нерешливите јазли со понизност и трпение до крај.
Дипломатската дејност на Светиот Престол во пракса, од една страна, „интервенира за да се обезбеди слобода на Црквата, а од друга страна, нејзината цел е соработка со државите и меѓународните организации во решавањето на големите проблеми на човештвото“, работејќи за заштитата на основните човекови права и „во прилог на највисоките морални и општествени вредности“.
Дипломатските односи со државите од територијата на поранешна СФРЈ
Поуката на Аквилеја за негување на почитувањето на автономиите и „различните етнички групи“, според монс. Галагер ја евоцира „поддршката на Светиот Престол за процесот на интеграција на Западен Балкан во Европската Унија“, кој се заснова на „проширувањето и опуштањето на дипломатските односи“ што се случи по падот на Берлинскиот ѕид, што резултираше со „развојот на активноста на конкордатите во земјите каде што промената на политичкиот систем доведе до поинаков однос кон религијата и Католичката црква“.
Надбискупот ги наведе договорите потпишани во 1996 година со повеќето земји кои станаа независни по распадот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Тој ги дефинираше како „сигурни алатки за одговор на етничката и верската нетрпеливост драматично произведена од кратковидното сфаќање на националноста“.
Тој посочи дека апостолските патувања на папата Фрањо во Албанија во 2014 година, Босна и Херцеговина во 2015 година, Бугарија и Македонија во 2019 година „дополнително ја зајакнале близината и поддршката на Светиот Престол за соработка и размена меѓу овие земји и Европа“, како и официјалните посети на главните градови за „да го поттикнат братскиот соживот меѓу етничките групи и религиите, во разликите и меѓусебното почитување“.
Миграции по западнобалканската рута
Отвореноста и добредојде на „различни народи и култури“ кои ја карактеризираа Аквилеја конечно нè охрабруваат да размислуваме за мигрантската криза долж западнобалканската рута, рече монс. Галагер. Тој ги покани присутните да размислат за илјадниците луѓе кои „се обидуваат да ги преминат границите“ за да избегаат од прогон, војна, конфликт или сиромаштија и да најдат нови можности за егзистенција или безбедно засолниште, пред кое се градат ѕидови и не се преземаат никакви мерки во однос на можностите што можат да ги понудат „во смисла на растење на поинклузивно општество.
Светиот Престол им предлага на владите и на граѓанското општество прифаќање, заштита, промоција и интеграција на странците, за што е потребно учество на „сите вклучени актери, вклучувајќи ги и верските заедници“, заклучи тој.
Личности посветени на дијалог и посредување
Надбискупот потсети дека „духот на Аквилеја“ создаде „личности посветени на средба, дијалог и посредување“, меѓу „брилијантните црковни службеници од Фриули-Венеција Џулија“ кои служеа на Светиот Престол низ целиот свет. Меѓу нив ги посочи дипломатите од преминот на 19 до 20 век: монс. Луиџи Фаидути и монс. Антонино Зекини, кој живееле „во сложената религиозна и политичка панорама на новородените балтички републики“, кардинал Селсо Констатини, „чии извонредни дипломатски вештини го направија скромен ткајач на односите меѓу Светиот Престол и Кина, и кардиналот Гвидо дел Местри, кој придонесе за „т.н. Ватиканска источна политика (Остполитик)“.
Тоа се податоците што „ни овозможуваат да ја разбереме хармонијата меѓу наследството на собраните вредности што може да се препишат на духот на Аквилеја и карактеристиките на дипломатијата на Светиот Престол“, истакна претставникот на Државниот секретаријат. Оваа дипломатија беше повикана во различни прилики да обезбеди „заедница на различности“, „ублажување на споровите и градење консензус“, во „убедувањето дека затворањето и изолацијата создаваат задушени општества, неспособни да дишат кислород од дијалогот и средбата кои се цврста основа за веродостојно градење мир“.
Ватикан њуз/к.мк