Папата Фрањо го обнови својот апел за мир ширум светот, истовремено повикувајќи на заштита на децата во воените подрачја
Во обраќањето до верниците по молитвата Ангел Господов во недела 2 февруари 20245 година, папата Фрањо потсети дека на овој ден во Италија се одбележува Денот на животот со тема „Пренесување на животот – надеж за светот“ и додаде: Им се придружувам на италијанските бискупи изразувајќи благодарност до многуте семејства кои подготвено го прифаќаат дарот на животот и во охрабрувањето на младите парови да не се плашат да имаат деца. Го поздравувам италијанското движење за живот, кое слави педесет години. Ви честитам!
Покрај редовните поздрави до ходочесниците од Италија и светот, Папата најави дека во понеделник лично ќе учествува во работата на меѓународниот собир за правата на децата, насловен „Да ги сакаме и заштитиме“, кој се одржува во Ватикан. „Ова е единствена можност во центарот на светското внимание да се стави примарната вредност на човечкиот живот. Го повторувам моето НЕ на војната, која уништува сè, уништува животи… И да не заборавиме дека војната е секогаш пораз!, заклучи Светиот Отец, повикувајќи на молитва за мир во напатените Украина, Палестина, Израел, Либан, Мјанмар и Судан.
к.мк