Во Твитер порака Папата повика да се спасат децата војници

Во Твитер порака Папата повика да се спасат децата војници

На илјадници деца кои се присилени да се борат во вооружени судири им е украдено детството. Да го запреме тоа гнасно злосторство, повика Светиот Отец во својата Твитер порака, која ја упати на оваа социјална мрежа на 12 февруари 2019 година.

Во овој момент Папата е следен на Твитер од околу 48,1 милион луѓе на повеќе јазици. Со Хаштагот #ChildrenNotSoldiers Светиот Отец сака да сврти внимание на Меѓународниот ден против злоупотребата на деца во војните. Пред точно 17 години, 12 февруари 2002 година, на Конвенцијата за права на децата, додаден е Опционален протокол за учество на децата во вооружени судири, кој забранува плаќање на малолетни војници. До денес протоколот е потпишан од 168 држави.

Се проценува дека моментално околу 250.000 деца во најмалку 19 држави во Африка, Азија и Латинска Америка се присилени да учествуваат во вооружени судири. Во последните десет години се ослободени 65.000 деца.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот