Во Струмица се одржа средба за млади од епархијата

Во Струмица се одржа средба за млади од епархијата

Во сабота на 24 ноември 2018 година во салата Света Мајка Тереза при парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица се одржа средба на млади од струмичко-скопската епархија. Средбата послужи како подготовка за предстојната прослава на инаугурацијата на епархијата и устоличувањето на првиот епарх. Подготовката на оваа средба ја коориднираа о. Илија Стојанов и о. Ванчо Назов.

Средбата ја отвори о. Зоран И. Стојанов, декан и парох во Радово поздравувајќи ги младите даде вовед во темата на средбата: „Како ние младите гледаме на воздигнувањето на Апостолскиот егзархат во епархија“

Потоа младите ги претставија своите видувања поврзани со темата при што ја истакнаа важноста за познавање на својата историја, своето потекло и припадност, затоа што млади кои не си ја по познаваат својата историја немаат и иднина. Беше потенцирана важноста за сведочење на христијанската вера во овој свет со искривени вредности, како и постојаната потреба од нови духови звања и понатамошно унапредувње на соработката на свештенството со верниците, потенцирајќи пред се со младите.

Заклучувајќи ги презентациите на младите о. Гоце Костов истакна дека со вакви млади Црквата не треба да се плаши за својата иднина:

Во вториот дел од средбата младите поделени во групи имаа некои мали активности и заедничко дружење.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот