Од 21 до 23 октомври 2018 година во просториите на Епископската резиденција во Скопје се одржаа духовни вежби за свештениците од Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија. Водител на овогодинешните духовни вежби беше Н.В.П. д-р Киро Стојанов.
Во своите духовни размислувања епископот Стојанов на свештениците им зборуваше за Повикот, Евхаристијата, Светата Тајна Исповед, како и за Богородица, воспитувачка во верата.
Духовните вежби завршија со света Литургија, а о. Томе Ангелов во име на сите свештеници се заблагодари на бискупот Стојанов за духовните вежби, како и за неговата пастирска и татковска грижа.
к.мк