На 23 октомври 2023 година во епископската резиденција во Скопје се одржа свештенички состанок на Струмичко – скопската епархија и Скопска бискупија. Со состанокот претседаваше Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов.
Епископот Стојанов ја отвори работата на свештеничкиот состанок со молитва, а веднаш потоа ги запозна свештениците со новиот Апостолски поттик Laudate Deum образложувајќи го во кратки црти овој Папски документ.
Потоа следуваше работа по точките од дневниот ред. Во една од точките паросите информираа за пасторалните активности во парохиите и идните планирани активности.
Отец Гоце Костов информираше за учеството на свештениците на програмата на Радио Марија и емисијата Слово за Бога, претставувајќи го новиот концепт, кој започна да се реазлизира од октомври оваа година, а исто така се осврна и за работата на порталот Католици.мк и сорботката со парохиите.
Отец д-р Зоран И. Стојанов заблагодари на присутните за соработката и информираше за активностите на Македонски Каритас, ставајќи акцент на Парохиските Каритаси, Денот на Каритас и Божиќниот саем. Во оваа прилика ја истакна отвореноста на Македонски Каритас за продлабочување на соработка со Парохиските Каритаси преку заеднички активности, додавајќи дека Македонски Каритас потполно ги става на располагање своите капацитети и ресурси.
Во делот за административните работи зборуваше отец Марјан Ристов, давајќи конкретни информации и упатства за одредени административните постапки.
Епископот Стојанов даде насоки за прашања произлезени од состанокот и повика на учество на ходочастието во Паљурци кое ќе се одржи на 29 октомври, со почетокот во 14.00 часот. На крајот направи заклучок од дискусијата, а потоа завршувајќи го состанокот на присутните го подели својот апостолски благослов.
Ватикан њуз/к.мк