На 16 јуни 2023 година во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје свечено беше прославен патрониот празник на Скопската катедрала. Централната света Литургија ја предводеше дон Томислав Љубан од Мостар во сослужеие на катедралниот парох дон Винко Маслаќ, о. Марјан Ристов, канцелар, о. Гоце Костов, парох и директор на Радио Марија и о. Илија Стојанов, парох во Радово, додека дон Марјан Бешлиќ исповедаше за време на светата Литургија.
Во проповедта дон Томислав Љубан се осврна на празникот Пресвето Срце Исусово и неговото значење во нашиот христијански живот.
По светата Литургија следуваше процесија со иконата на Пресвето Срце Исусово,.
Свеченоста заврши со молитва на света Мајка Тереза, која ја молела пред статуата на Пресвето Срце Исусово, а по завршниот благослов следуваше агапе.
За време на светата Литургија и процесијата пееше Катедралниот хор под диригентство на маестро Јулија Неловска.
Ватикан њуз/к.мк