Во недела 30 мај 2021 година парохијата „Свети Кирил и Методиј“ – Богданци организираше поклонение во Паљурци до црквата „Пресвета Богородица Утешителка“, каде по пристигнувањето се молеше Молебен до Богородица. Побожноста ја предводеше о. Тома Ангелов, парох во Богднаци. а на неа присустуваа с. Евхаристинки од Гевгелија и поклоници од Богданци, Гевгелија и Струмица.
На присутните им се обрати о. Тома Ангелов, кој најпрво ги пренесе поздравите на епископот Стојанов, а потоа се осврна на Мајката побожност и чествувањето на Пресвета Богородица.
Светилиште Мајка Божја Утешителка во Паљурци е возобновени и благословено во 2018 година од страна на Н.В.П. д-р Киро Стојанов.
к.мк
Благословено возобновеното светилиште Мајка Божја Утешителка во Паљурци