Светиот Отец на почетокот на 2019 година ќе замине на апостолско патување во Мароко во рамките на кое ќе ги посети градовите Рабат и Казабланка.
Ова вест ја објави директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Грег Бурке, велејќи дека Светиот Отец за посетата која ќе трае од 30 до 31 март се одлучил по поканата на кралот Мохамед IV и католичкиот епископ на Мароко.
Така Фрањо ќе стане вториот папа кој ќе ја посети ова мнозински муслиманска земја. Пред него тоа го направи Иван Павле II во 1985 година.
Посетата на Мароко е второто потврдено патување на Папата за 2019 година, со посетата на Панама во склоп на Светскиот ден на младите во јануари 2019 година, иако се зборуваше дека Светиот Отец би можел да ги посети Мозамбик и Мадагаскар.
Распоредот на посетата на Папата на Марко сè уште не е објавен, но веројатно е дека посетата ќе биде насочена кон прашањето за подобрувањето на односите помеѓу муслиманите и христијаните.
Според последниот попис на населението во Мароко, земја од околу 29 милиони жители, во која живеат само 21.000 католик, што е околу 0,1% од вкупното население.
Недјелја/к.мк