Коптскиот верник Набил Хабаши Хадим (62) кој беше киднапиран од терористи на т.н. Исламска држава е убиен во Северен Синај – Египет, објави во понеделникот 19 април Ватикан њуз.
Набил Хабаши Хадим беше киднапиран од терористите на 8 ноември 2020 година. Тој е убиен од калашников со пукање во глава, а убиството е снимено и објавено на социјалните мрежи на 17 април.
Хадим придонесе за изградба на единствената христијанска црква во градот – Црквата на Богородица од Анба Карас. Тоа беше една од причините за кое го обвинуваат терористите, а тоа е забележано и во објавеното видео.
Хадим припаѓал на богато семејство, едно од најстарите во локалната коптска заедница. Киднапиран е пред неговата куќа, а повеќемесечната потрага беше неуспешна.
Патријарх на Коптската православна црква Тавадрос II. во своето сочувство, истакнува дека „плаче за својот син и верен слуга“, кој сега е во небесната слава на Христос, бидејќи тој „ја сведочеше верата со крвна жртва“.
Северен Синај со години е упориште на исламски екстремистички групи, која се интензивираа по соборувањето на претседателот Морси во 2013 година и подемот на самопрогласената Исламска држава, објави Ватикан њуз.
Ватикан њуз/к.мк