Кој ќе се посвети на милосрдната љубов во согласност е со Божјото срце – напиша претседателот на Епископската конференција на Бразил, надбискупот Валмор Оливеира де Азеведо во соопштението кое е објавено во пресрет на „Денот на милосрдната љубов,“ кој е прославен во Бразил на 19 јули 2020 година.
(…)Итно е потребно да се делува врз основа на начaлото на солидарност; тоа придвижува многу промени во општеството и во срцето на самиот човек – рече надбискупот Азеведо и истакна: За изградба на поинакво, поправедно, посилидарно и уште повеќе побратско општество важна е милосрдната љубов и денот кој е посветен е прилика затоа што сите ги повикува, посебно христијаните дека служењето има моќ која преобразува на сите подрачја.
Треба да се потсети дека изминатите денови, во текот на еден виртуелен состанок, претставници на 18 покраински канцеларии на Епископската конференција на Бразил размислуваат токму за темата на милосрдната љубов, посебно со оглед на времето на пандемијата од коронавирусот. Милосрдната љубов треба да ја истакнуваме на паметен начин – рече генералниот секретар на Епископската конференција на Бразил, епископот Јоел Портела Амадо и напоменува, така треба да се прави за навистина да биде еден од четирите столбови на црковниот живот, заедно со евхаристискиот леб, Божјото Слово и мисионерското делување.
Ватикан њуз/к.мк