Веднаш по завршувањето на светата архиерејска Литургија која епископот Стојанов ја служеше на 19 јанауари 2022 година по повод празникот Богојавление во парохиската Црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица се упати во просториите на Радио Марија, каде во присуство на директорот о. Гоце Костов и вработените го подели богојавленскиот благослов и ги благослови просториите и студиото.
По благословот епископот Стојанов остана во заедништво со вработените и во пријатна и срдечна атмосфера се информираше за работата и предизвиците со кои се соочува радиото.
Од своја страна епископот Стојанов ја истакна важноста на христијанскиот глас кој Радио Марија го пренесува преку својата програма.
к.мк