Јас сум клин, направен од метал, во оган искован и цврсто обликуван. Од мене многу се очекува. Морам да бидам ветувач за стабилност, од мене зависи целата конструкција. Ме исковаа да бидам цврст, постојан, на време и влага истраен. Мојот млад брат во шило го исковале, на копје го поставиле. Гордоста на нашето семејство е мечот, секирата. Тие се одлика на цврстина и прецизност.
Кога ме коваат, од мене очекуваат дрвото да го пробијам, длабоко во него да се вкотвам и сѐ да поврзам. Кај мене нема шеги, нема мрдање, нема бегање. Каде јас доаѓам, тешко може да се искоренам.
Не има големи, мали, широки и тесни сечила. Некогаш така нѐ коваат од двете греди, правиме една целина и ги поврземе. А ковачите, нашите татковци, секогаш испотени, како да се натпреваруваат кој посилно ќе удри, кој подобро во оганот ќе нѐ обликува. Честопати ја слушам нивната песна со ритамот на чеканот и струењето на топлотниот бран од ковачницата каде што нѐ создаваат.
Мене ме наменија да бидам со долг облик, остар врв и сплесната глава. Така длабоко и прецизно да се пробијам во дрвото и на него нешто да биде приковано. Жал ми е за дрвото. Знам, боли нашето ковење, но сепак и ние мораме да живееме на нив приковени. Подобро така, отколку некаде да пропаѓаме. Јас сакам да бидам корисен, нешто да прифатам или да зацврстам.
Тој ден ме донесоа во дрвен сад, овој пат среќно бев избран за својата животна задача. Тогаш уште ни не знаев што ме чека. Наместо две греди или некој друг предмет, ме избраа да го приковам осуденикот за дрвото на Крстот. Тоа најмалку го очекував. Не сум јас за срамна смрт, брзо ќе ме извадат и искривен ќе ме фрлат. Тоа не го очекував.
Но, едно ме чуди. Наместо тој осуденик како што другите пцујат и проколнуваат, тој моли. Како од Крстот некого да фали, да се заблагодарува. Се чувствувам чудесно – наместо јас него да го приковам за дрвото, Тој мене ме прегрна. Крвта негова ме накваси и некако ме освежи. Така барем се чувствувам корисно.
Сепак за нешто служам. Само кратко, затоа што Тој бргу умре, духот го испушти. На некого се молеше, тоа го сфатив.
Подоцна некои од побожните луѓе ме земаа и ме ставија со останатите клинови и како некоја светиња нѐ погребаа. Ниту сега не сфаќам што се случува со мене. Одгледан сум за грубост кон другите, сега и јас другите ги љубам.
Само за крај уште еден цитат, кој што не ми е потполно јасен, но сеедно ќе го споделам со вас: „Сака ли некој да врви по мене, нека го земе крстот свој и нека ме следи“ Можеби и со нас Бог, нашиот ковач, во нас ќе успее нешто добро да искова.
Фрањевци Сплит/к.мк