Светите години се исклучителни настани во Католичката црква и се слават на секои 25 години. Ватикан ги започна првичните подготовки за Светата година 2025 и ги довери на Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација.
Според соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, папата Фрањо ги доверил соодветните подготвителни задачи на Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација. Во врска со тоа, неговиот претседавач, надбискуп Рино Физикела, веќе се сретнал со водечките претставници на Ватикан, стои во соопштението.
Покрај Државниот секретаријат, во средбите биле вклучени и Управата на Апостолскиот Престол (АПСА) и Секретаријатот за економија.
Во поновата црковна историја, таканаречените свети години обично се одржуваат во Рим на секои 25 години. Годината на поклонението на прагот на третиот милениум 2000 година привлече повеќе од 25 милиони посетители за време на папата Иван Павле II. (1978-2005). Папата Фрањо прогласи вонредна Света Година на милосрдието од декември 2015 до ноември 2016 година.
Ватикан њуз/к.мк