Бродолом во Калабрија: Патувањата на надеж да не бидат патувања на смрт

Бродолом во Калабрија: Патувањата на надеж да не бидат патувања на смрт

Како и во неделата, на 26 февруари, кога се случи трагедијата во близина на брегот на италијанската провинција Калабрија, папата Фрањо повторно ја изрази својата тага во своето пладневно обраќање во недела 5 март 2023 година, и упати апел: „Трговците со луѓе мора да бидат запрени; нека престанат да располагаат со животите на многу невини луѓе. Водите на Медитеранот повеќе да не бидат крвави од вакви несреќи“

Патувањата на надеж повеќе да не се претвораат во патувања на смрт. Бистрите води на Медитеранот повеќе да не бидат крвави од вакви трагични несреќи.

Од прозорецот на Апостолската палата, на крајот од своето пладневна обраќање Папата Фрањо ја изрази својата длабока болка за трагедијата на која прв го сврте вниманието на светот пред една недела; по повод бродоломот што се случи на 26 февруари во близина на градот Стекато ди Кутро на брегот на италијанската провинција Калабрија, кога се распадна чамецот, кој тргнал од Турција.

Се молам за многубројните жртви во бродоломот и нивните семејства, како и за оние кои преживеаја.

Благодарност до населението и институциите

Папата Фрањо изрази почит и благодарност до локалното население и институциите за нивната солидарност и прифаќање на нашите браќа и сестри. Притоа, тој го повтори апелот упатен до сите, да не се повторат слични трагедии и поттикна запирање на нелегалната трговија со луѓе.

Нека се спречат трговците со луѓе, нека престанат да располагаат со животите на толку многу невини луѓе.

Сфатет и плачете

Папата упати и итно барање таквите патувања, таканаречените „патувања на надеж“ да не се претвораат во патувања кон смрт.

Повеќе да не се крвават бистрите води на Медитеранот од вакви трагични несреќи. Нека Господ ни даде сила да сфатиме и да плачеме – додаде Светиот Отец, застанувајќи неколку моменти во тишина, со наведната глава, видно трогнат.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот