На 7 јануари 2019 година, со света Архиерејска Литургија беше прославен првиот ден на Божиќ во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала, предводена од Неговото Високо Преосвештенство монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх Струмичко-Скопски, во сослужение на парохот протојереј ставрофор о. Спасо Ристов, и о. Тони Ангелов. Во оваа пригода епископот Стојанов одржа проповед.
Веднаш по светата Литургија младите од парохијата преку божиќната приредба ја прикажаа судбината и состојбата на нашите предци, кои благодарение на Благородното дело на о. Јосиф и с. Еврозија Алоати застанаа на свои сопствени нозе. По приредбата, епископот Стојанов изрази желби, ова да не остане во минатото, туку да се претвори во реалност и повторно нашите манастири да заживеат како во она време.
Верниците за овој голем настан духовно се подготвија со света Исповед и со „Деветница за Рождеството Христово“.
к.мк/З.А.