Радосен и длабок момент на заедништво живееја преку 150 учесници на видео конференцијата во петок 8 мај 2020 во вечерните часови, во знак одбележување на Првата година од посетата на Папата на Македонија. Тоа беше средба на пастирите со своите верници. Модераторот дон Давор Топиќ потсети на „убавата сличност со празникот на Богородица Посредничка и вечерашната средба преку апликацијата зум. Нека Бог како Црква ни даде сила да можеме да бидеме и правиме пророчки знакови.“
Во конференцијата се вклучија свештениците од сите парохии во Македонија, монашките заедници и семејства. Учесниците на самиот почеток ги поздрави месниот бискуп монс. Киро Стојанов, истакнувајќи радост за посетата на Папата, и милосните моменти кои ги живееше Црквата.
Потоа си разменија впечатоци од минатогодишната средба со папа Фрањо во различни моменти на тој историски настан, сведочења од животот во време на пандемија, не недостасуваше и радосна песна која ја испеаја семејствата од своите домови. Се потврдува и доживува како актуелна ситуација предизвикана од пандемијата која ни помага да ја откриеме на нов начин реалноста на домашната Црква.“ Ова е време во кое Бог дава големи милости на Црквата“, нагласи во своето обраќање монс. Антун Циримотиќ.
„И вечерва доживеавме едно семејство во Господа, како реалност на она што папата Фрањо го истакна во својата посета, дека треба да бидеме мост помеѓу Исток и Запад. Не треба да се плашиме да го трошиме својот живот во љубовта, нека Мајка Тереза ни биде пример“, ги охрабри бискупот сите присутни. Средбата заврши со заедничка молитва и благослов од бискупот.