На 24 февруари 2017 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов во Сараево ја посети управата на Папските мисиски дела во Босна и Херцеговина.
Бискупот Стојанов беше примен од директорот на Папските мисиски дела во БиХ, монс. м-р Лука Туњиќ, запознавајќи го бискупот за новата служба која му е доверена. Тој ја истакна задачата на управата во месната Црква при изградбата на мисионерската свест, како и поврзаноста со мисионерите во светот.
Бискупот Стојанов се заблагодари на монс. Туљиќ за пријатниот разговор, поканувајќи го да ја посети Македонија.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
За авторот
Слични написи
Во пораката за Светскиот ден на мирот Папата предупредува на ризиците од вештачката интелигенција за мирот

