Во Радово на 1 септември 2018 година се одржа манифестацијата „Секое дете заслужува да биде ученик“. Централен настан на манифестацијата е возењето на велосипед, пропратен со праќање на заедничка порака, молитва и дружење. Први септември е датумот кој званично се зама како почеток на Учебната година, заеднички децата и возрасните во Радово дадоа подршка за сите деца во Македонија и светот кои од различни причини се спречени да го отпочнат своето школување. За Децата кои поради абортус, војни, сиромаштија или трговија со луѓе се оневозможени да го дочекат денот на радоста да бидат ученици.
Овогодишната Манифестација беше подржана со лично учество на Неговото Високо Преосвештенство д-р Киро Стојанов, Струмичко-скопски епарх и Скопски бискуп, кој се приклучи и го благослови собирот на кој покрај верници од Радово беше збогатен со многубројни учесници од Струмица, Нова Маала, Петралинци, Чанаклија, Секирник, Просениково… Заедно со своите паросите и капелани. За истакнување е дека оваа година беа бројни и учесниците Родители со деца.
к.мк /з.и.с.