По повод празникот Свeти Винко Паулски Н. В. П. монс. д-р Киро Стојанов служеше света Миса во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје во сослужение со Катедралниот парох и декан дон Паво Шекерија, о. Марјан Ристов, канцелар и дон Давид Трујило, парохиски викар. На светата Миса присуствуваа сестрите Усмиленки, како и останатите монашки заедници во Македонија и голем број верници.
Бискупот Стојанов во својата проповед го истакна животот и делото на свети Винко и дејноста на неговите синови и ќерки во Македонија, кои во овие краеви се присутни уште од 1854 година. Оците лазаристи дејствуваа сѐ до 2012 година во Битола, додека сестрите Усмиленки и денес дејствуваат во Битола и Скопје. Заслуга на оците Лазаристи е и повторното враќање на дел од македонскиот народ под крилото на Христовиот намесник, Римскиот папа како и основањето на домашната монашка заедница Сестри Евхристинки, кои денес дејствуаат во поголем дел низ Македонија.
к.мк