Бискупот Стојанов служеше во базиликата Свети Павле во Рим

Бискупот Стојанов служеше во базиликата Свети Павле во Рим

Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Макеоднија, монс. д-р Киро Стојанов ја превдодеше свечената Вечерна молитва на 2 февруари 2017 година, на празникот Свеќници во базиликата Свети Павле надвор од ѕидините во Рим. На молитвата беа присутни и останатите членови на Епископската конференција Свети Кирил и Методиј, кои се наоаѓаат на повеќедневна посета „Ad limina apostolorum“ во Рим

Во пригодната проповед бискупот Стојанов рече: „Во близина на гробот на апостолот на народите во оваа велелепна базилика Свети Павле, на нашата посета на гробовите на апостолите, служиме Вечерна молитва по повод празникот Принесување Господово во храмот. Во нас оддекнуваат зборовите на апостолот Павле кој смело истакнал: не живеам повеќе јас, туку Христос живее во мене или ако се фалам, ќе се пофалам со своите слабости и на крајот апостолот на народите се фали со крстот, на кој Он – Исус – беше распнат за светот и сѐ може преку Оној кој го прави силен. Браќа, на овој гроб и ние стануваме свесни за нашите слабости, но и ја палиме својата душа со апостолското застапништво да ја прифатиме својата служба буквално како крст, проповедувајќи го Исус распнатиот.

Поттикнати од примерот на апостолот Павле свесни сме дека тоа навестување на крстот не е со зборови, туку со нашите животи. Ако Бог не ја поштеди од болки Пречистото Срце на Марија прободувајќи го со меч и ние не смееме да се плашиме од тој крст преку кој нашето служење станува автентично. Денес молиме за своите соработници, свештеници, монаси и монахињи – за посветениот живот. На патот до светоста нема друг начин, туку преку милоста и молосрдието во вистински час. Да се потсетиме дека некои од нас таа формација ја примија во Паулинум, кој и на тој начин нѐ поврзува со овој апостолски првенец, кој заедно со своите ученици го засади христијанството на нашите простори. Да не заборавиме дека апостол Палве на своето мисионерско патување од Азија премина во Солун (Јужна Македонија) и Европа. Нека овој час на молитва биде благодарност и препорака до апостолот на народите кои ни порачува: тешко на мене, ако не го навестувам евангелието…“ рече бискупот Стојанов

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот