Бискупот Стојанов славеше света Миса за ЕУ во Европскиот парламент

Бискупот Стојанов славеше света Миса за ЕУ во Европскиот парламент

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов во вторник 4 декември 2018 година, служеше света Миса во капелата на зградата на Европаскиот парламент во Брисел по повод отворањето на изложбата „Светицата од Скопје, светица за светот“, која е во организација на хрватската европратеничка Маријана Петир по повод завршувањето на Европската година за културно наследство.

На почетокот од светата Миса бискупот Стојанов ги поздрави присутните повикувајќи ги да се обединат во молитва во срцето на Европа, молејќи за дарот на мир во цела Европа.

Во пригодната проповед епископот Стојанов рече: Браќа и сестри, дали смееме да „сонуваме“, често пати прашува папата Фрањо. Дали смееме ова месијанско гледање на пророкот Исаија да го прогласиме за утпоија, сон, нереално мечтаење? Гледајќи со очите на природата, ДА. Ни изгледа дека оваа слика ја надминува реалната можност, затоа што се противи дури и на природата на самите животни, како на пример лавот да јаде слама. Но каква е визијата, пораката на пророкот? Што сака да ни каже? Дека можеби ненормалното ќе стане нормално, неприродното ќе стане природно? Не. Пророкот навестува една личност. Кнезот на мирот. Тој кнез на мирот ќе внесе – со себе ќе донесе – нов ред на односите меѓу созданијата, меѓу луѓето. Сцената со животните навистина е нереална, но таа ни ја отвора визијата на погелдот во иднина кога времето, реалноста на милоста, ќе ги надмине вообичаените норми на меѓучовечките односи и ќе донесе можност за вреднување на ХАРМОНИЈАТА И СЛОГАТА како вистински и праведен однос меѓу луѓето. Во времето на пророкот Исаија – како и во многу други времиња – имало војни, несогласувања, судири. Но – КАКО ОТСЕКОГАШ – постоела исконски копнеж за МИР И ХАРМОНИЈА. Човекот е создаден според Божјата слика, кој е совршено единство во Тројството. Така ние христијаните веруваме… Значи човекот (оној нормалниот) не може да ја искорени желбата за хармонија, слога и мир. Тоа е вткаено во неговата човечка природа: да се биде личност во целина, но да се биде личност во одонос со другите. Тој однос може да биде – и треба да биде – можност за напредок, но тоа е можно само преку соработка, активен соживот и ставање на општото добро пред личниот интерес. Не се работи за спротивност со личноста, туку за програма за сороаботка за општо добро. Соработката е можна само преку откажување и вреднување на вистинските вредности, а тоа сигурно се МИРОТ И СИГУРНОСТА. Во своите темели христијанството не е идеологија, туку модел за живот. Тоа не е евангелска декларација, туку автентично живеење на вредностите. Знам, како што ни изгледа дека Исаија во својата визија мечтае и пишува за тема која е утопија, а не ветување, така и ние денес во Европа, во постхристијанското време гледаме во христијанските, евангелските стварности како нереални, неостварливи, утописки. Да врз рушевините на христијанската цивилизација тоа може така да излгеда. Но сепак, дали е така? Не е. Исус ни дава одговор: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите”… Да браќа и сестри, низ историјата ние луѓето од своите светогледи, науки, научувања го исклучивме Христос, оној вистинскиот, роден во Витлеем во штала. Оној Исус, кој стана обичен човек за да нѐ научи да БИДЕМЕ ЧОВЕК. Секако, ако тоа го имаме пред очи се поставува прашањето, а кога ја изгубивме својата човечка автентичност? Во оној момент кога се обидовме во животот да го отстраниме Бог и да бидеме на негово место. Тогаш во очите на светот на невера станавме „мудри и разумни“, но тогаш Бог се повлече од нашиот живот. Бог го направи човекот доволно мудар и разумен, но кога човекот ќе стане вообразен и арогантен не може да биде понатаму мудар и разумен, затоа што центарот на историјата го стави во своето изобличено ЈАС. Тоа може да се случи на поединци, групи или дури и нации. Тогаш – затоа што Бог се повлекува – живееме како да го нема, се јавуваат други божества, секогаш лажни, а малите се повлекуваат во анонимност. Настапуваат времиња – како нашето – време на релативизам, а релативизмот е сепак најголем апсолутизам. Ако нема Вистина (напишано со голема буква) нема ниту автентичен човек.

Пријатели, туку во центарот на ЕУ скоро сите се подготвуваат за прослава на празникот Раѓање на Исус Христос во времето. Зарем тука не е местото малку да се размисли за вредностите кои се вечни. За вистинскиот човек. Дали смееме барем да сонуваме, дека оваа заедница на Народи е способна и во наше време да проговори за вистинскиот МИР. Тоа не е економска, туку меѓучовечка вредност на односите. Дали смееме да сонуваме за Европа со очите на пророкот Исаија. Сепак темел на Европа да е ЧОВЕКОТ, но човекот кој дојде во личноста на Исус Христос. Човек по мерка на малите, а не на арогантните и вообразените?

На крај дозволете да ви посакам Божиќ да го прославите така што ќе го сретнете Христос, не во изобилство на хедонизмот, туку во личноста на малиот, сиромашен човек! – рече епископот Стојанов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот