Бискупот Стојанов се сретна со премиерот Заев

Бискупот Стојанов се сретна со премиерот Заев

На 31 јули 2017 година во зградата на Владата на Република Македонија, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов, придружуван од скопскиот декан дон Давор Топиќ и бискупскиот канцелар о. Марјан Ристов се сретна со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Со претседателот на Владата Зоран Заев присутни беа заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за образование Рената Дескоска, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и шефот на кабинетот на министерството за финансии, Виктор Митевски.

На самиот почеток од средбата бискупот Стојанов се заблагодари на претседателот на Владата за поздравните зборови и посака Божји благослов и успешна политичка мисија на целата Влада во нејзиното послание за доброто на граѓаните на Република Македонија.

62621Соговорниците разговара за прашања и предизвици со кои се соочува Католичката црква во Македонија, а присутноста на министрите го направи разговорот поконструктивен и на високо ниво.

Бискупот Стојанов се заблагодари на премиерот Заев и министрите за срдечната средба и подготвеноста за помош и изрази надеж дека средбата, како и понатамошната соработка, ќе бидат плодоносни.

Бискупот Стојанов на претседателот на Владата Заев му подари медалјон со ликот на света Мајка Тереза и монографијата „Денови на света Мајка Тереза во Скопје 2016“.

к.мк

фото: vlada.mk

Категорија: Вести, Македонија

За авторот