Во четврток 21 септември 2017 година, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов во придружба на дон Давор Топиќ, го посети ординаријатот на Ѓаковско-Осиечката надбискупија во Ѓаково, каде се сретна со надбискупот Ѓуро Храниќ и надбискупот во мирување монс. Марин Сракиќ.
На пријателската средба бискупот Стојанов се заблагодари на надбискупите Храниќ и Сракиќ за секогаш убавиот и срдечен прием и со присутните ја сподели радоста и искуствата од настаните на малата Црква во Македонија, истакнувајќи ја благодарноста за поддршката и братската љубов која ја даваат кон оваа мала заедница. Бискупот Стојнаов во таа пригода на домаќините им ја подари монографијата „Денови на Света Мајка Тереза во Скопје“, а за возврат доби комплет книги „Сѐ за верата и татковината“ од Јосип Јурај Штросмаер.
к.мк