Бискупот Стојанов се сретна со Државниот секретар за Хрватите надвор од Хрватска г-дин Звонко Милас

Бискупот Стојанов се сретна со Државниот секретар за Хрватите надвор од Хрватска г-дин Звонко Милас

На 10 ноември 2021 година во просториите на Бискупската резиденција во Скопје Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх оствари средба со г-дин Звонко Милас, Државен секретар за Хрватите надвор од Хрватска кој беше придружуван од неговиот соработник одговорен за Македонија проф. д-р Милан Бошњак, а на средбата присуствуваше и Н. Е. г-ѓа Нивес Тигањ, амбасадорка на Хрватска во Македонија, како и поранешниот амбасадор на Хрватска во Македонија г-дин Иво Кујунџиќ, денес уредник на Програмата за Хрватите надвор од Хрватска при Хрватската радио телевизија.

Средбата помина во пријатна атмосфера на која се разговараше за актуелната ситуација на Заедницата на Хрватите во Македонија и хрватските здруженија и односот на Црквата со заедницата и здруженијата, а воедно беа разгледани и понатамошни чекори во областа на духовното и културното поле.

Бискупот Стојанов ја истакна и поврзаноста на Црквата во Македонија со Црквата во Хрватска и тесната соработка со својата Митрополија и Митрополитот Н. Е. Винко Кардинал Пулиќ. Исто така изрази голема благодарност до Државниот Секретар за финансиската помош при уредувањето на поедини црковни објекти. Државниот секретар, г-дин Милас, изрази отвореност и за понатамошна тесна соработка. Средбата заврши со размена на подароци.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот