Бискупот Стојанов се сретна со д-р Тасхири, Директор на Центарот за меѓурелигиски дијалог и цивилизација на Исламската Република Иран

На 24 ноември 2017 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов и канцеларот на Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат о. Марјан Ристов во Бискупска резиденција во официјална посета го прими д-р Мохаммад Махди Тасхири, Директор на Центарот за меѓурелигиски дијалог и цивилизација, придружуван од господин д-р Мансоор Чавоуши, МНР на Исламска Република Иран и Н.Е. г. Хосеин Карими, Амбасадор на И.Р. Иран во Република Македонија.
Во срдечниот разговор помеѓу бискупот Стојанов и директорот д-р Тасхири беа допрени темите од областа на меѓурелигискиот дијалог во двете земји како и помеѓу Иран и Ватикан, односно Папскиот меѓурелигиски совет, а воедно беше разговарано и за човековите права и вредности.
Средбата помина во срдечна атмосфера со размена на подароци и желба за меѓусебна молитва за доброто на нашите народи и целото општество.
РВ/к.мк