Бискупот Стојанов повика на солидарност со настраданите од земјотресот во Хрватска

Бискупот Стојанов повика на солидарност со настраданите од земјотресот во Хрватска

По примањето на веста за последиците од земјотресот во Хрватска, посебно во Бискупијата Сисак, Скопскиот бискуп и Струмичко Скопски епарх Киро Стојанов, на  30 декември 2020 година, упати повик до парохиите, свештениците и верниците да се приклучат на акцијата на Македонски Каритас за собирање парични средства за помош на настраданите од разорниот земјотрес во Хрватска.

Епископот Стојанов повикува на заедништво и солидарност со браќата и сестрите кои се во тешка ситуација и да се соединиме во молитвата, посебно со оние кои ги загубија животите, повредените, нивните семејства, погодените, како и за оние кои помагаат директно на терен.

Акцијата за собирање парична помош за настрадните од земјотресот во Хрватска ќе трае до 15 јануари 2021 година, а собраните средства ќе бидат проследени на Хрватски Каритас, за ублажување на последиците од земјотресот и помош на настраданите.

Паричните прилози можат да се уплатат на следната денарската сметка:

Фондација Македонски Каритас Скопје

Жиро сметка: 300000004360186, Комерцијална банка АД Скопје,

Со назнака: Донација за настраданите во земјотресот во Хрватска.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот