Во вторник, 15 октомври 2024 година, во просториите на епископската резиденција на Водно, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов го прими во протоколарна посета амбасадорот на Црна Гора во Македонија Н.Е. Зоран Миљаниќ.
Во пријатна и срдечна атмосфера епископот Стојанов, посакувајќи му на црногорскиот амбасадор благослов за неговата мисија во Македонија, го запозна за животот и активностите на Црквата во Македонија. Соговорниците зборуваа и за теми од заеднички интерес и можностите за соработка.
к.мк