Бискупот Стојанов го посети Католичкиот богословски факултет во Сараево

Бискупот Стојанов го посети Католичкиот богословски факултет во Сараево

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монс. д -р Киро Стојанов на 14 октомври 2021 година, за време на престојот во Босна и Херцеговина, го посети Католичкиот богословски факултет во Сараево и се сретна со деканот на факултетот, отец д -р Дарко Томашевиќ.

Деканот Томашевиќ го запозна бискупот Стојанов со животот и работата на Католичкиот богословски факултет во Сараево, како и за почетокот на новата академска година.

Соговорниците се осврнаа на одржаниот Студуски ден посветен на Црквата во Македонија во ноември 2018 година во Скопје, во соработка со Католичкиот богословски факултет во Сараево и Католичката црква во Македонија. Деканот Томашевиќ го запозна бискупот Стојанов дека Зборникот на трудови од Студискиот ден „Католичката црква во Македонија – низ историјата“ е подготвен за печатење и дека овие денови ќе биде испечатен. Тој, исто така ја изрази својата благодарност до колегите професори кои придонесоа за оваа мисија на Католичкиот богословски факултет за Црквата во Македонија, а особено проф. Миленко Крешиќ кој го подготви зборникот.

Бискупот Стојанов се заблагодари на Католичкиот богословски факултет во Сараево, предводен од деканот Томашевиќ, за нивната поддршка и посветеност за објавување на зборникот, и ја истакна силата на Студискиот ден, кој уште повеќе ја расветли историјата на Црквата преку разни предавања и донесе вдахновенија и идеи за понатамошна интелектуална работа.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот