На четвртата недела од Адвент, 21 декември 2025 година, бискупот Стојанов служеше света Литургија во Скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје во заедништво со свештеници од Скопска бискупија и Струмичко-скопска епархија и во таа прилика се заблагодари на директорот на Македонски Каритас протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов за организацијата на Божиќниот саем, како и на катедралниот парох дон Винко Маслаќ.
По светата Литургија бискупот Стојанов го посети Божикниот саем, кој е од хуманитарен карактер, а е подржан од неколку Парохиски Каритаси, амбасади, граѓански здруженија, компании и од голем број верници.
На саемот можеа да се вкусат разни специјалитети, да се купат традиционални божиќни колачи и пригодни подароци за претстојните празници.
Целиот приход е наменет за сиромашни лица, кои се во потреба и на кои Каритас им помага.
Македонски Каритас изразува благодарност до сите кои на било кој начин го дадоа својот придонес во реализацијата на Божиќниот саем 2025.
к.мк

