Бискупот Стојанов ги прими посветените лица и свештениците од градот Скопје

Бискупот Стојанов ги прими посветените лица и свештениците од градот Скопје

Во рамките на традиционалниот велигденски прием во епископската резиденција на Водно, во име на сите посветени лица од градот Скопје се обрати катедралниот парох патер Винко Маслаќ, а епископот Стојанов исто така упати пригодно слово до присутните.

Во сабота 30 март 2024 година година, во бискупската резиденција во Скопје, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопскиот епарх монс. д-р Киро Стојанов ги прими претставници на Богопосветените лица и свештеници од градот Скопје.

Во име на Богоспосветените лица и свештениците од градот Скопје честитка упати катедралниот парох патер Винко Маслаќ, кој во таа прилика, во името на сите, на бискупот Стојанов му го честита претстојниот празник Воскресение Христово – Велигден.

Во своето обраќање до присутните епископот Стојанов искажа благодарност и задоволство од соработката и пасторалните активности во градот Скопје, но и во други места каде што Католичката црква е активна. Честитајќи им го празникот Воскресение Христово – Велигден, епископот Стојанов им посака Божји благослов, радост и мир од Воскреснатиот Христос во вршењето на посланието на Црквата.

Традиционално, секоја година претставник од некоја заедница од Скопје, во име на сите упатува честитката до бискупот.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот