На состанокот на делегациите предводени од државниот секретар на папата кардинал Пиетро Паролин и италијанскиот премиер Џорџија Мелони беше истакната потребата од идни разговори за напредокот на работата, со цел да се покаже соодветно добредојде на сите оние кои доаѓаат во Рим за јубилејот во 2025 година.
Во светло на претстојниот јубилеј, кој Црквата ќе го прослави во 2025 година, во среда, на 19 април, се одржа билатерална средба меѓу Светиот Престол и Италијанската Република.
„За време на средбата, двете страни изразија благодарност за соработката меѓу Светиот Престол и Италијанската Република и позитивното исчекување на настанот што ќе даде духовен и културен придонес за градот Рим и земјата“, се вели во соопштението објавено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
„На крајот од средбата е истакната потребата од натамошни билатерални средби со цел следење на текот на работите, со цел да се поттикне соодветен пречек на ходочасниците и верниците кои ќе пристигнат во градот по повод Јубилејна година“.
Ватикан њуз/к.мк