Членовите на здружението Атлетика Ватикана со велосипед поминаа 35 километри од плоштадот Свети Петар до Центарот за палијативна нега на болницата Бамбино Џезу во знак на братство и солидарност со децата кои страдаат
Секоја војна е уште понехумана кога се гледа од перспектива на педијатриска болница, поточно од местото каде што се лекуваат деца. Со оваа конкретна визија за братство, членовите на здружението Атлетика Ватикана ја поминаа неделата возејќи велосипеди – 35 километри – од плоштадот Свети Петар до општината Фиумичино.
Возејќи стигнаа до Пасоскуро, во близина на Рим, до Педијатрискиот центар за палијативна нега на болницата Бамбино Гесу, кој е отворен на 22 март 2022 година. По пристигнувањето во Педијатрискиот центар велосипедистите ги поздравија децата со семејствата и медицинскиот персонал кој ги пречека со апалузи и прегратки.
Заедно засадија маслинка – знак на надеж и мир за Божиќ.
Во 14 часот на плоштадот Свети Петар започна манифестацијата „Возење велосипед за братство“. Пред почетокот, бискупот Пол Тиге, секретар на Дикастеријата за култура и образование, ја предводеше молитвата за мир во светот.
Папскиот тим ја прегрна најкревката заедница на детската болница, на 87-от роденден на папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк