Апостолското патување во Азија папата Фрањо го довери на Пресвета Богородица Спас на римскиот народ
Во недела, 1 септември 2024 година, во базиликата Света Марија Велика, Папата се помоли пред иконата Пресвета Богородица – Спас на римскиот народ (Salus populi romani), доверувајќи ѝ го апостолското патување во Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур, кое ќе започне утре попладне и ќе заврши на 13 септември
Утротo во недела, 1 септември, папата Фрањо појде во базиликата Света Марија Велика и, како и обично, помина одредено време во молитва пред иконата Пресвета Богородица – Спас на римскиот народ (Salus populi romani), доверувајќи ѝ го своето апостолско патување во Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур. После тоа се врати во Ватикан – соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Тоа ќе биде најдолгото патување во неговиот понтификат, кое ќе се одржи од 2 до 13 септември.
Ватикан њуз/к.мк