На 5 јануари, првата недела во 2025 година, папата Фрањо ги поттикна верниците да го направат првиот чекор за да го следат Господ и повторно да ја откријат светлината во време кога се потребни надеж и мир. По молитвата Ангел Господов, тој уште еднаш поттикна на молитва за земјите погодени од тензии и насилство и апелираше до меѓународната заедница да дејствува решително за да се почитува хуманитарното право: „Да не заборавиме дека војната е секогаш пораз, секогаш.
Денешното евангелие за Исус, „Словото кое стана тело“, нè потсетува колку е моќна Божјата љубов, која со ништо не може да се победи и која – рече папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов – и покрај сите пречки и отфрлања, продолжува да го осветлува и просветлува нашиот пат. Рече дека Синот Божји – при раѓањето, станувајќи човек – совладува толку многу ѕидови и толку многу поделби и се соочува со затвореноста на умовите и срцата на моќниците на своето време, бидејќи тие повеќе се зафатени со тоа како да ја зачуваат моќта, отколку да го бараат Господ.
Светиот Отец зборуваше и за скромниот живот кој Исус го водел со Марија и Јосиф. Исто така се покажува кревок и незаштитен, на средбата со пастирите, луѓето чиишто срца се обележани со горчини во животот и презир од општеството, и во средбата со мудреците кои поттикнати од желбата да го запознаат, поаѓаат на долго патување за да го најдат Господа во дом на обичните луѓе, во големо сиромаштво. Сепак, Папата истакна дека пред овој и бројни други предизвици, кои изгледаат како контрадикција, Бог никогаш не запира.
Тој наоѓа безброј начини да дојде до сите нас, таму каде што сме, без калкулации и условувања, отворајќи, дури и во најтемните ноќи на човештвото, прозорци на светлина, која темнината не може да ги покрие. Тоа е реалност што не теши, што не расположува, особено во време како нашето – времето не е едноставно – кога има таква потреба од светлина, надеж и потреба од мир, во свет во кој луѓето понекогаш создаваат такви сложени ситуации од кои изгледа е невозможно да се најде излез.
Но, Божјото слово – продолжи тој – оваа недела вели дека не е така и нè повикува да го следиме Богот на љубовта, отворајќи зрак светлина каде што можеме, со секој што ќе го сретнеме, без разлика дали е во семејна, социјална или меѓународна средина. Ова, продолжи Папата, денес е Господовиот повикот: Да не се плашиме да го направиме првиот чекор. Потребна е храброст, но да не се плашиме: ширум отворање на светлите прозорци на близина кон оние што страдаат – простување, сочувство, помирување. Ова се poveće први чекори што мораме да ги преземеме за да го направиме патот појасен, побезбеден и возможен за секого.
… и тој повик на посебен начин одекнува во Jубилејната година, која штотуку започна, нè охрабрува да бидеме гласници на надежта за едноставно, но конкретно „да“ на животот, со одлуки кои носат живот. Да го направиме тоа, сите да го направиме: тоа е патот до спасението.
Говорот go заврши со зборови, со кои можеме да се запрашаме и на почетокот на новата година: Како да отворам прозорец на светлина во мојата средина и во моите односи? Каде можам да бидам зрак светлина која ја пропушта Божјата љубов?
И во оваа прилика на самиот крај повика на упорна молитва за мир…
… во Украина, Палестина, Израел, Либан, Сирија, Мјанмар, Судан. Меѓународната заедница нека дејствува одлучно за да се почитува хуманитарното право во конфликтите. Доста е со убивање цивили, нека се престане да се нишанат училишта, болници, нека престанат да се нишанат места каде луѓето работат. Да не заборавиме дека војната е секогаш пораз. Секогаш.
Ватикан њуз/к.мк