Во книгата „Communion – Finding My Way Back to Faith“, потпретседателот на САД, Џејмс Дејвид Венс, го опишува својот пат кон католичката вера. Во неа тој ја спомнува и средбата со папата Фрањо во Ватикан, еден ден пред неговата смрт во април 2025 година.
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џејмс Дејвид Венс, во книгата „Communion – Finding My Way Back to Faith“, објавена оваа недела од издавачката куќа HarperCollins, го претставува својот пат кон католичката вера.
Покрај детството и децениите поминати најнапред во евангелска, а подоцна и во атеистичко-либерална средина, 41-годишниот Венс ја опишува привлечноста што подоцна ја почувствувал кон католичката вера — привлечност што, како што пишува, трае до денес.
Книгата содржи и опис на средбата на Венс и неговото семејство со папата Фрањо во Ватикан, еден ден пред смртта на Папата во април 2025 година. Венс во книгата се осврнува и на важни моменти од сопствената биографија: семејството, воената служба, студентските години, како и неговата неочекувана кариера како автор на бестселер и политичар.
Католицизмот како стабилност во хаосот на модерниот живот
Пишувајќи за Католичката Црква, Венс истакнува:
„Една од работите за што се восхитувам кај мојата Црква е фактот дека основните прашања на учењето се менуваат многу ретко, и тоа само по долг и тежок процес во кој се вклучени многу црковни инстанци. Затоа католицизмот изгледа постабилен, што привлекува голем број млади преобратеници со кои разговарав, а кои во хаосот на современиот живот бараат длабока смисла.“
Како клучни моменти на својот пат кон верата, Венс ги споменува разговорите со двајца интелектуално силни доминикански свештеници во Вашингтон, раѓањето на неговиот прв син, како и едно искуство во речиси празна катедрала во Бургундија.
Таму, пишува тој, ја почувствувал целата долга и исполнета со напрегања историја на Католичката Црква. Во тој момент дошол до сознанието:
„А сепак, Црквата, ова здание и заедницата на верните, го преживеале сето тоа.“
Набргу потоа, Венс побарал крштение.
Катпрес/к.мк

