„Ако се докаже натприродна појава, тогаш мора да откриеме кој стои зад тоа: Бог или ѓаволот. Ве потсетувам дека Црквата верува во постоењето на отпаднати ангели, кои понекогаш се обидуваат да нѐ излажат и збунат… Тој процес на одлучување може да потрае. Значи мора да бидеме паметни и будни. Конечното објаснување ќе го донесеме дури кога ќе заврши испитувањето“.
Бронзената статуа на Дева Марија во малата парохија „Богородица од Гвадалупе“ во Хобс, која се наоѓа во сојузната американска држава Ново Мексико на подрачје на бискупијата Лас Крусес, повторно просолзи. Оваа статуа стана медиумска сензација поради солзите, кои потсетуваат на маслиново масло, а имаат мирис на миро. Солзите од статуата досега протекоа три пати, а е започнато испитување со кое треба да се потврди потеклото на тие солзи. Верниците тврдат дека бронзената статуа и четврти пат пуштила солзи и тоа рано утрото минатата сабота, пренесува uCathoilic. Пред статуата веќе со денови се собираат новинарски екипи, но и верници, каде заеднички молат света Бројаница.
Бискупот Оскар Канту започна испитување со кое треба да се испита и анализира потеклото на солзите. Минатата седмица, само неколку дена откако статуата просолзи по четврти пат, бискупот изјави: „Статуата е направена од бронза. Внатрешноста на статуата, која е празна е испитана, и потврдено е дека од внатре не може да се создаде течност. Во внатрешноста е пронајдена само пајажина.“
Исто така потврди дека хемиските испитувања на солзите покажеле дека течноста е идентична со мирото за помазание. Бискупот објасни дека во првата фаза од испитувањата се отфрлени природните причини за овој феномен, а во следната фаза ќе се докажува дали станува збор за натприродна појава. „Ако се докаже како натприродна појава, тогаш треба да откриеме кој стои зад тоа: Бог или ѓаволот. Ве потсетувам дека Црквата верува во постоењето на отпаднати ангели, кои понекогаш се обидуваат да не излажат и збунат… Тој процес на одлучување може да потрае. Значи мора да бидеме паметни и будни. Конечното објаснување ќе го донесеме дури кога ќе заврши испитувањето“.
Битно нет/к.мк