И покрај воените судири одлучиле да останат со својот народ. Алжирските маченици ќе бидат беатифицирани на празникот Безгрешно зачнување
Епископ и седум монаси траписти и единаесет дурги монаси, кои во 1990-те се убиени во Алжир од екстремистите, ќе бидат беатифицирани на 8 декември 2018 година во Алжир.
Монсињор Пјер Клаверие и останатите маченици ќе бидат беатифицирани за време на литургиското славење во базиликата „Светиот Крст“ во градот Оран, на празникот Безгрешно зачнување. Претставник на Папата на церемонијата ќе биде кардинал Џовани Бечу, префект на Конгрегацијата за прогласување на светци.
Алжирските епископи изјавиле дека овој настан претставува „голема радост“, истакнувајќи ја желбата „нивниот пример да ни помогне во нашите животи денес“.
Оваа беатификација ќе биде повик на Црквата и светот „заедно да изградиме свет на мир и братство“, додаваат епископите.
Потсетуваме дека монасите и епископот се убиени за време на Алжирската граѓанска војна, која заврши во 2002 година. Имале можност да го напуштат военото пдрачје, но сепак одлучиле да останат во местото, затоа што заклучиле дека нивниот апостолат, во тоа подрачје, па дури и во опасни услови, е дел од нивниот мисионерски повик: да се следи Исусовиот пример за спасение на душите.
Папата Фрањо во јануари оваа година службено ги прогласи убиените монаси за маченици.
Иво Џеба/Битно нет/к.мк