Никој не е загубен засекогаш, постојат само луѓе кои треба повторно да се пронајдат.
Црквата го осудува гревот затоа што мора да ја каже вистината, но во исто време го прифаќа грешникот кој се признава за таков, нудејќи му бескрајно милосрдие – истакнува папата Фрањо во пораката до учесниците на меѓународното католичко движењата за христијански брачни парови „Equipes Notre Dame“ која се одржа од 16 до 21 јуни во Фатима. Пораката на Папата ја прочита апостолскиот нунциј во Португалија, надбискупот Рино Пасигато.
Светиот Отец пораката ја адресирал до Марија Берта и Хосе Соарес официјални претставници на тоа католичко движење, вдахнувајќи се од темите за таа XII. меѓународна средба која се фокусира на библискиот лик за загубениот син. Папата Фрањо во пораката повторно повикува да се препознаеме во тој загубен син кој се враќа кај Отецот Кој е подготвен да го прифати и како што пишува во пораката не се изморува да го прифаќа и да му ја врати неговата важност на син.
Допрени од таа великодушна добрина, дозволете му на своето срце да проговори – поттикнува Папата – вистина е Господи! Грешник сум, грешница, така се чувствувам и сум. Се загубив. На илјадници начини побегнав од твојата љубов, но повторно сум овде за да го обновам својот сојуз со Тебе. Потребен си ми. Откупи ме повторно Господи! Прифати ме уште еднаш во својата откупителска прегратка.
Потсетувајќи на Христовите раширени раце на крстот и на бесконечното Божјо милосрдие, Светиот Отец нагласи дека љубовта на Отецот и Божјото милосрдие, никого не исклучуваат, не дозволуваат никој да биде загубен: маж или жена, радители или деца; во Исусовите очи никој не е загубен засекогаш, постојат само луѓе кои треба повторно да се пронајдат, а Исус нѐ поттикнува да излеземе за да одиме да ги побараме. Ако сакаме да го пронајдеме Господ мораме да го бараме таму каде Он сака да нѐ сретне, а не таму каде ние сакаме да го пронајдеме – истакна Папата.
Шесте денови на таа XII. меѓународна средба во богородичниот град се обележани со моменти на размислување, заеднички молитви, славења, сведоштва и поттици од секојдневните медитации од новоизбраниот надбискуп Хосе Толентино де Мендока теолог кој откако одржа духовни вежби за Римската курија, папата Фрањо го именува за архивар и библиотекар на светата Римска Црква.
РВ/к.мк