Во петок, на 13 март 2026 година, во парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица беше служено Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица и благослов на петолебие. Богослужбата ја предводеше отец Гоце Костов, во присуство на бројни верници, меѓу кои имаше и голем број млади.
По богослужбата, во парохиската сала се одржа средба со млади, на која се разговараше за духовниот живот, за предизвиците со кои се соочуваат младите во денешното време, како и за значењето на верата во секојдневниот живот.
На средбата младите имаа можност да споделат свои размислувања, прашања и искуства. Притоа беше истакната важноста од нивното активно вклучување во животот на Црквата и во парохиската заедница.
Од парохијата најавуваат дека вакви средби ќе продолжат и во иднина, со цел да се поттикне поголемо учество на младите во парохискиот живот.
к.мк

