„Via Lucis“ – патување на млади кои среќаваат сиромашни лица на железничките станици низ Италија
Младите учесници на патувањето „Via Lucis“, кое на 21 август 2022 година започна од Рим и кои учествуваа во молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар, до 3 септември ќе поминат 3.000 километри до Торино, поминувајќи низ места каде што најмногу сиромашните луѓе често се повлекуваат: железнички станици.
Ова е четврто издание на патувањето, кое ги собира младите луѓе со желба да се сретнат со сиромашните кои често живеат на железничките станици за да им ја пренесат надежта на Евангелието преку близина, слушање и служење.
Учествувајќи во молитвата Ангел Господов, на 21 август, папата Фрањо упати посебна поздрав до учесниците на „Via Lucis“ кои, како што рече, „се поддржани од примерот на светителите од соседството“.
Запознавање со „Светците од соседството“
Патувањето го организира здружението Тукум во соработка со Terra e Missione и Фестивалот на мисии. Различни верски и парохиски заедници ќе примаат млади луѓе за време на нивното патување – на пример, во Асизи, учесниците ќе споделат момент на молитва и размислување заедно со Бенедиктинките.
За четиринаесет дена учесниците ќе поминат низ 14 италијански градови до кои може да се стигне со воз или пешачејќи. Во секоја етапа, составена од сведоштва, работилници и моменти на евхаристиско обожавање, се претставува и приказна за еден „Светец од соседството“ кој доаѓа од тие региони, како што се Карло Акутис, Сандра Сабатини, Карлота Нобиле, Матео Фарина, Марија Орсола Бусоне, Сантa Скоресе и многу други.
Така, на почетокот на патувањето прв ќе биде претставен младиот Дaвид Буџи, роден 1999 година, кој почина во 2017 година, кој ја прикажа својата болест и страдање за спасение на младите.
Да се живее полнина животот
Но, какви се очекувањата на младите луѓе кои тргнале на пат? Како што изјави една од аниматорките, Даниела Џирарди, за Vatican News, таа била охрабрена да учествува со идејата дека може да има директно искуство и средба со сиромашните, „да си ги извалка рацете“ и да му служи на Исус, да се сретне со Него во сиромашните. Такво искуство веќе имала минатата година, за кое вели дека многу ја променило, поради што решила оваа година да учествува како организатор.
Нивниот пат започна со благослов на Папата, а аниматорката истакна дека е воодушевена од едноставноста и понизноста на Папата, а пред се што тој бара од младите да сонуваат големи соништа. „Тоа е дел од она што се обидуваме да го направиме. Ја прифативме поканата затоа што навистина веруваме дека посветеноста на другите, не само на нас самите, може да ни овозможи да го живееме животот во полнина“, изјави Жирарди за Vatican News.
Ватикан њуз/к.мк