Tag "Папа Фрањо"
Папата именува монахиња за втор човек во Дикастеријата за целосен човечки развој
Папата Фрањо ја именува италијанската монахиња и економист сестра Алесандра Смерили (46) за секретарка и со тоа второ лице на Ватиканската дикастија за целосен човечки развој, објави на 26 август 2021 година Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Папата Фрањо ја прими нобеловката Надија Мурад
Јазидската активистка за човекови права и специјален комесар на ОН за борба против трговија со луѓе и за кривични постапки против злосторствата на ИСИЛ, Надија Мурад (28) во четвртокот, на 26 август 2021 година, повторно се сретна со папата Фрањо.
Папата Фрањо се приклучува на иницијативата „La Caminata 2021“
Преку видео порака, папата Фрањо духовно се приклучи на сцената на заедницата „La Caminata 2021“, иницијатива на Каритас Аргентина организирана во рамките на институционалниот процес што се одвива на секои три години. „Тоа е искуство да се ставиме надвор, да се слушаме и да разбереме како да сакаме и да служиме поконкретно според времето и околностите“, со тие зборови им се обрати Светиот Отец на учесниците.
Генерална аудиенција: Лицемерот не знае да сака
Папата Фрањо во среда 25 август 2021 година на Генералната аудиенција во салата Павле VI зборуваше за „вирусот на лицемерие“ што го води човекот да се преправа, наместо да биде она што е.
Помош од папата Фрањо за Хаити, Бангладеш и Виетнам
Помош од папата Фрањо за Хаити, Бангладеш и Виетнам. Преку Дикастеријата за целосен човечки развој, папата Фрањо испрати финансиска помош во различни делови на светот погодени од природни катастрофи и последиците од пандемијата.
Енцикликата „Лаудато си“ не е само „зелена“ енциклика, туку и „социјална“
Папата Фрањо ги поздрави членовите на Меѓууниверзитетскиот конгрес „Лаудато си“ и ја истакна важноста од промовирање на социјалната свест за грижата за нашиот заеднички дом.
Твитер порака на Папата: Да го искорениме злото на модерното ропство
На Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од трговијата со робови и негово елиминирање, 23 август, папата Фрањо повика на борба против модерните облици на ропство, кои поробија и понижија милиони луѓе.
Пораката на Папата по повод Националната литургиска недела во Италија
Литургијата треба да се врати во центарот на христијанската вера, истакнува папата Фрањо во пораката по повод почетокот на 71. италијанска литургиска недела, што се одржува во Кремона од 23 до 26 август.
Ангел Господов: Овоплотувањето нѐ повикува да го препознаеме Исус во другите
Во обраќањето на молитвата Ангел Господов во недела 22 август 2021 година, папата Фрањо истакна дека „Бог стана човек од крв и месо: тој се понижи толку многу што стана човек како нас, се понижи до тој степен што ги презеде врз себе нашите страдања и нашиот грев и бара од нас да го бараме, но не надвор од животот и историјата, туку во односот на Христос и браќата“.
Корејскиот маченик свети Андреј Ким е модел за верата и евангелизацијата
По повод 200 годишнината од раѓањето на свети Андреј Ким Таегон, првиот корејски католички свештеник и маченик, папата Фрањо во саботата 21 август 2021 година спрати порака до корејските католици кои живеат во Рим.