Tag "Папа Фрањо"
Папата: Премногу деца се лишени од достоинство
По повод Петтата глобална конференција, која се одржува во Дурбан, Јужна Африка, а се занимава со елиминација на трудовата експлоатација на децата и адолесцентите, папата Фрањо во вторник 17 мај 2022 година упати порака во која повика на сузбивање на оваа појава на решителен, заеднички и храбар начин, како на најмалите би го вратиле животот на кој имаат право.
Папата упати порака до Папските мисиски дела
Папата Фрањо испрати порака до членовите на Папските мисиски дела, собрани во Лион, каде што следната недела кардиналот Тагле ќе ја прогласи за блажена Полин Жарико, основателка на Делото за ширење на верата: мисионерското преобраќање на Црквата не е прозелитизам, туку сведоштво.
Папата: Камилијанците се неопходни во Црквата која е „полска болница“
На средбата со учесниците на 59. Генерално собрание на Монашкото општество за грижа на болните (Камилијанци), Папата ги охрабри да го продолжат посланието и да ги преземаат на себе раните и вознемиреностите на најзагрозените браќа и сестри. На собранието исто така е избран нов генерал на Редот, отец Педро Трамонтин од провинцијата на Соединетите Американски Држави.
Папата: Политиката е средба, размислување и делување
Папата ја прими во аудиенција заедницата Чемин Нојф и ги охрабри да продолжат со својата посветеност да поттикнуваат средби и да работат за доброто на човештвото.
Папата: Во свет каде растат воените тензии, новите светци вдахнуваат патишта на дијалог
На крајот од светата Литургија за канонизација, папата Фрањо ги повика оние кои имаат, како што рече, големи одговорности: да бидат протагонисти на мирот, а не на војната. Тој ги поздрави делегациите од различни земји, монашки заедници на кои им припаѓаа новите светци, како и властите, вклучително и италијанскиот претседател Серџо Матарела.
Папата: Господ има план за љубов кон сите
Папата Фрањо ја предводеше светата Литургија на плоштадот Свети Петар каде беа прогласени за светци 10 блаженици. Новите канонизирани светци ја живееле својата светост служејќи на Евангелието и на браќата и сестрите, давајќи се себеси без да очекуваат нешто за возврат. Светоста не е недостижна цел, треба да ја бараме во секојдневниот живот, потсети Светиот Отец во својата проповед, додавајќи дека Господ има сон за сечиј живот.
Папата до младите од Франција: Вдахнувајте се од примерот на Шарл де Фуко и Мари Ривие
На средбата со младите од францускиот регион Вивие – од каде што потекнуваат Шарл де Фуко и Мари Ривие, кои утре ќе бидат прогласени за светци, Папата во сабота 14 мај 2022 година ги повика младите да го следат нивниот пример и да го зачуваат тоа „наследство на светоста“.
Папата: Ќе бидеме добри учители ако останеме ученици, повикани да служиме радосно секој ден
Папата Фрањо во сабота 14 мај 2022 година во аудиенција ги прими монахињите на Папскиот институт на Побожните учителки Филипинки (Сестрите на Света Луција Филипини), како и верниците од бискупијата Витербо и Цивитавекија-Тарквинија заедно со локалните бискупи и власти. Не сме ние тие кои траб да го ставиме Исус во центарот, туку да се оддалечиме од центарот кој му припаѓа на Него, е забелешката на Светиот Отец, кој поттикна на постојана доверба во Бога.
Папата: Денешните семејства се повеќе искушувани од било кога порано
Папата Фрањо се сретна со учесниците на конференцијата за морална теологија организирана од Папскиот универзитет Грегоријана по повод годината посветена на семејството Amoris Laetitia. Семејството е место на духовност, а задачата на научниците е да ги прифатат предизвиците на нашето време и да го анализираат односот меѓу совеста и доброто. Но, во сегашната реалност, истакна тој, семејниот живот е подложен на голем број тешкотии.
Папата Фрањо ќе ја посети Канада од 24 до 30 јули
Светиот Отец ќе ги посети канадските градови Едмонтон, Квебек и Икалуит, во северна Канада. Ова ќе биде четврта посета на еден од Петровите наследници на на таа земјата.