Tag "Папа Фрањо"
Папата: Да станеме прекршен леб како Исус за да негуваме братство и солидарност
Истакнувајќи пред молитвата дека празникот Тело и Крв Христови се слави денес во Италија и во некои други земји, папата Фрањо во своето пладневна обраќање се осврна на значењето на Последната вечера за време на која Христос прави чин на предавање: прекршен леб и чашата во која им се принесува на учениците, Тој се дава Себеси за целото човештво и се принесува самиот себе за живот на светот. Кога ќе ја победиме себичноста и ќе се отвориме за љубовта, тогаш
Папата: Евхаристија e Божји одговор на длабоката глад на човечкото срце
Во пораката објавена на платформата X, папата Фрањо го споменува празник на Пресветото Тело и Крв Христови. На 2 јуни Светиот Отец ќе ја предводи Светата Литургија во Римската катедрала Свети Иван Латерански
Генерална аудиенција: Човекот продолжува да создава хаос во создадениот свет
„Постои надворешен хаос – социјален и политички хаос: да помислиме на војните, на многу момчиња и девојчиња кои немаат што да јадат, на бројни социјални неправди – но има и внатрешен хаос во секој од нас. Првиот не може да се исцели, ако не почнеме да го лекуваме другиот!“ Во катехезата на Генералната аудиенција, папата Фрањо размислува за делото на Светиот Дух при создавањето и за преобразувањето на срцата, внесувајќи хармонија и ред каде претходно имаше темнина и збунетост.
Папата жали за жртвите од лизгањето на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја
Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин и испратена до нунцијот Мауро Лали, папата Фрањо ветува близина со семејствата на жртвите од лизгањето на земјиштето. Според проценките на ОН, повеќе од 2.000 луѓе останале затрупани под земја. Папата моли за спасувачките акции за исчезнатите и ги охрабрува сите што учествуваат во нив. Свлечиштето, кое се случи во ноќта меѓу 23 и 24 мај, затрупа околу 150 куќи, распоредени во шест села, во внатрешноста, во тешко пристапно подрачје.
Папата: Не плашете се од мигрантите, промовирајте ги нивните права и достоинство
Во видео порака со молитвена накната за јуни 2024 година, папата Фрањо ги охрабрува луѓето да се молат за луѓето кои бегаат од војна или глад, принудени на патувања полни со опасност и насилство, со цел да најдат прифаќање и нови можности за живот. Христијаните не можат да го делат менталитетот на „ѕидови“, забележува Папата: „Кој прима мигрант, го прима Христос“.
Папата се сретна будистички монаси од Тајланд
Папата Фрањо во понеделник 27 мај 2024 години прими делегација будистички монаси од Тајланд и повторно истакна дека во ова време рането од војни и насилство можеме само заедно да се спасиме, бидејќи сме меѓусебно поврзани и зависни еден од друг. Тој го охрабри граѓанското општество, припадниците на другите религии, владите, меѓународните организации, академските и научните заедници и сите други заинтересирани страни да промовираат пријателство кое поддржува мир и братство.
Папата: Децата можат да направат револуција отворајќи ги срцата на возрасните
Педесет илјади луѓе присуствуваа на првиот настан по повод Светскиот ден на детето што се одржа на Олимпискиот стадион во Рим¸, а учесници имаше од 101 земја. Папата Фрањо одговори на неколку прашања и истакна: секогаш е можно да се помириме, да се потсетиме и да го направиме светот подобро место, мора да почнеме да ги сакаме најблиските. Се молевме за оние кои се гладни и немаат работа. Себичноста и војната, истакна Папата, се причина за неправдата.
Папата Фрањо до децата: Светиот Дух не придружува низ животот
Педесет илјади верници присуствуваа на плоштадот Свети Петар на светата Литургија по повод Светскиот ден посветен на најмалите. На денот кога Црквата го одбележува празникот на Пресвета Троица, папата Фрањо раговараше со децата, потсетувајќи ги на љубовта на Отецот и на Исус кој простува сè и секогаш. Заедно со нив се помоли за мир и го најави следниот Светски ден на младите кој ќе се одбележи во септември 2026 година.
Карло Акутис и основачот на Мисионерите на Марија Утешителката ќе бидат прогласени за светци
Примајќи го во аудиенција кардиналот Марчело Семерарo, папата Фрањо ги одобри декретите кои го отвораат патот за канонизација на блажениот Карло Акутис и блажениот отец Џузепе Аламан. Покрај нив, за светци ќе бидат прогласени и група Фрањевци, маченици во Дамаск од 1860 година, додека за блажени ќе бидат прогласени еден мисионер од монашката заедница Предрагоцена крв и двајца маченици на комунизмот.
Папата изрази сочувство за смртта на иранскиот претседател
Папата Фрањо на 21 мај 2024 година испрати телеграма со сочувство до врховниот лидер на Исламската Република Иран, ајатолахот Али Хамнеи.